Џенаро Гатузо, славниот италијански фудбалер, а сега доста искусен тренер, е новиот шеф на стручниот штаб на сплитски Хајдук. Информацијата на официјалниот сајт ја потврди клубот од „Пољуд“. Гатузо со Хајдук потпиша двегодишна соработка до крајот на летото 2026 година.
Џенаро Гатузо ќе му се приклучи на тимот следната недела на почетокот на подготовките кога и официјално ќе биде претставен.
Првите фудбалски чекори Гатузо ги направи во Перуџа, каде што дебитираше во сениорскиот фудбал. Потоа се пресели во шкотскиот Ренџерс, па се врати во Италија во редовите на Салернитана, а во 1999 година се пресели во Милан, кој ќе ја одбележи неговата кариера.
На „Сан Сиро“ се здоби со статус на легенда, таму остана 13 години и одигра вкупно 468 натпревари. Кариерата ја заврши во 2013 година како играч на швајцарскиот Сион, а во тој клуб веднаш направи транзиција кон тренерската работа. Во сино започна со тренерската кариера.
На самиот почеток на тренерската кариера, по епизодата во Швајцарија, тој беше шеф на стручниот штаб на Палермо, потоа на грчкиот ОФИ и на италијанската Пиза. Работеше и во Валенсија, Фиорентина, Наполи и Милан.
Во 2020 година со Наполи го освои Купот на Италија.
ХНЛ ќе биде седма лига по ред во која ќе ја извршува функцијата главен тренер, а Хајдук ќе биде неговиот деветти клуб.