Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо се заблагодари на своите фудбалери за „фантастичната“ посветеност по 1:1 ремито со Интер со кое се пласираа во финалето на Копа Италија, каде што ќе играат со Јувентус, посветувајќи ја победата на неговата сестра Франческа, која почина овој месец.
Дрис Мертенс стана најдобриот стрелец во историјата на Наполи со гол со кој се поништи водството на Интер преку Кристијан Ериксен за пласман во финалето. 37-годишната Франческа Гатузо почина по тешка болест овој месец.
„Го посветувам овој резултат на мојата сестра и моето семејство. Момците беа фантастични со својата посветеност на теренот и им благодарам бидејќи играа за мене. Имам квалитетен тим, кој покажа карактер“, вели Гатузо.
Оспина и Мертенс го однесоа Наполи во финалето на Купот (Видео)