Top Sport

Доналд Трамп вети дека нема да ја гледа американската репрезентација

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во напад на Американската фудбалска асоцијација (УСС), велејќи дека нема да го гледа спортот по одлуката да не се приморуваат фудбалерите да стојат за националната химна.

Трамп е против таа одлука и вели дека нема да го гледа спортот додека не се смени тој став, а најави дека ќе се „откаже“ и од НФЛ лигата доколку и тие решат да го направат истото.

„Нмема да гледам повеќе! Излега дека и НФЛ оди во иста насока, но исто така без мене како гледач“, напиша Трамп на Твитер.

Со него се согласува и конгресменот од Флорида, Мет Гец.

„Подобро е САД да немаат фудбалски тим отколку да имаат фудбалски тим кој не стои на химната. Не можете да играте под нашето знаме како национален тим ако не стоите кога се крева знамето“, напиша Гец.

МЛС лигата, која се враќа на терените следниот месец, од друга страна најдоа поинакво решение – сега нема да биде пуштана американската химна на натпреварите, бидејќи нема навивачи на трибините.

Scroll to Top