Top Sport

Гатузо го менува Михајловиќ во Болоња?

Италијанските медиуми повторно јавуваат дека Болоња се подготвени да го отпуштат Синиша Михајловиќ и да го донесат Џенаро Гатузо. Овие шпекулации траат повеќе месеци, а според весникот „Ла република“ главната причина се несогласувањата на српскиот тренер со претседателто ан клубот Џои Сапуто.

Според весникот, Сапуто ќе пристигне од Канада во Италија оваа недела за „кризен состанок“ на кој ќе се одлучува за иднината. Михајловиќ е главен на „Ренато Дал’Ара“ од јануари 2019 година, и продолжи да го води тимот од својата болничка соба кога примаше хемотерапија и имаше трансплантација на коскена срж за леукемија.

Меѓутоа, и самиот Михајловиќ призна дека од него било побарано да обезбеди топ 10 пласман оваа сезона, нешто што тешко може да го оствари.

Гатузо пак, во текот на летото потпиша со Фиорентина, но беше само две недели на чело на клубот од Фиренца пред да го поништи договорот поради несогласувањата околу трансферите на клубот.

Scroll to Top