Top Sport

Тото Волф признава: 18 години посетувам психијатар

Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф отворено зборуваше за своите проблеми со менталното здравје, откривајќи дека последните 18 години редовно посетува психијатар.

Австриецот зборува дека уште има проблеми, посебно поради притисокот кој го чувстува како човек во позиција на моќ во Ф1, и додава дека никогаш немал проблем да го признае тоа и дека терапијата му помогнала да го извлече максимумот од самиот себе.

„Има многу луѓе од висок профил за кои сметаат дека имаат се што е можно на светот, но не е така. Мислам дека имаме обврска да кажеме дека добиваме помош и дека тоа е во ред. Одам на психијатар од 2004 година со над 500 часа терапија. Страдав и уште страдам ментално. Да побараш помош не е срамота и тоа ми помога да надминам проблеми и да го искористам потенцијалот. Многу од најуспешните луѓе се многу чувствителни и тоа значи дека се многу ранливи“, вели Волф.

Scroll to Top