Top Sport

Гатузо: Хаос, најлуд натпревар во кој некогаш сум учествувал

Џенаро Гатузо, селекторот на Италија, се осврна на натпреварот по лудиот триумф на неговите избраници.

Аѕурите, во луд натпревар, во Дебрецен, славеа со 5:4 против Израел, а победија во судиското продолжение со голот на Сандро Тонали.

Гатузо беше видливо исцрпен емоционално по натпреварот и важната победа во борбата за пласман на Светското првенство.

„Хаос. Ова е најлудиот натпревар во кој сум бил како тренер, но тоа е мој проблем, а не проблем на играчите. Ако сакаме да играме на одреден начин, мора да се подобриме“, рече селекторот на Италија и додаде:

„Бевме луди затоа што постојано напаѓавме, а токму тоа го чекаше Израел – тие нè казнуваа секој пат на контранапад. Кога водевме, можевме да се браниме подлабоко“.

Foto/ EPA

Scroll to Top