Оставката на Вахид Халилхоџиќ од клупата на францускиот прволигаш Нант на една недела пред почетокот на Лига 1 го стави клубот во незгодна позиција.
Екипата привремно ја води Патрик Коло заедно со Сирил Моан, но до недела и дуелот со Лил мора да најде нов тренер.
Екс-фудбалерот Стефан Зиани стана тренер на младата екипа, тој се споенува и како прв стратег на Нант, но нема искуство и тоа би бил голем ризик за екипата.
Клубот е во контакт со француската легенда Луис Фернандез кој работеше во Израел и седеше на клупата на селекцијата на Гвинеја, а сега се грижи за младите категории на ПСЖ.
Сепак, сега се појави веста дека Италијанецот Џенаро Гатузо е во игра за тренер на Нант. Се споменува и името на Зенга, но екс-играчот и тренер на Милан има предност и веднаш би можел да биде промовиран на новата работна позиција, секако ако ја прифати понудата.