Top Sport

Дрејмонд Грин го продолжи договорот со Вориорси за 100 милиони долари

Голден Стејт Вориорс ова лето тргнаа во присилна рекострукција на екипата откако останаа без чтворица битни играчи од „династијата“ која владееше со НБА во изминатите 5-6 години. Сепак го задржаа костурот на екипата, најважните тројца играчи врз кои ја градеа екипата откако се избрани на НБА драфтот, Стефон Кари во 2009 како седми пик, Клеј Томпсон 2011 како 11 пик и Дрејмонд Грин 2012 како 35 пик.

Кари пред две години стана првиот играч во НБА кој потпиша договор вреден повеќе од 200 милиони долари. Томпсон ова лето го продолжи договорот на 5 години за 190 милиони долари, а сега тоа го стори и Грин.

Постоечкиот договор на контроверзниот крилен центар требаше да истече идното лето, но Вориорси се погрижија да не мора да размислуваат дали Грин ќе го изгубат без отштета. Му дадоа четиригодишен договор тежок 100 милиони долари.

Вориорси ова лето останаа без Кевин Дурант кој се пресели во Бруклин Нетс. Демаркус Казинс премина во ЛА Лејкерс, а си заминаа и двајцата најважни играчи од клупа. Ветеранот Андре Игудала и Шон Ливингстон.

Scroll to Top