Top Sport

Гатузо има совет до Кутроне: Најди убава девојка и води љубов

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо има едноставен совет за својот играч, Патрик Кутроне, советувајќи му да си најде девојка за да не мисли на остварувањата кои ги направи со „росонерите“.

„Се надевам дека ќе најде прекрасна девојка за да може да се одмори и да води љубов“, вели Гатузо, велејќи дека тоа може да биде одлучувачко да ја задржи одличната форма.

Со повредата на Никола Калиниќ и слабата форма на Андре Силва, 20-годишниот Кутроне постигна четири гола во последните четири меча, и вкупно 13 во сите натпреварувања оваа сезона.

„Ќе одиме полека со Патрик. Не смее да му пречи фактот што е најмладиот фудбалер во историјата на Милан со толку голови. Мора да работи и да се одмори. Се надевам дека ќе најде убава девојка за да се одмори и да води љубов“, објаснува Рино.

Дали Патрик Кутроне е „спасителот“ на италијанскиот фудбал?

Scroll to Top