Top Sport

Гатузо ја одбил Сампдорија, не е можно враќање на Џампаоло

Џенаро Гатузо ја одбил понудата од Сампдорија да стане нов тренер на тимот од Џенова по преговорите со претседателот Масимо Фереро, тврдат „Ла газета дело спорт“ и „Спорт Италија“.

Гатузо, наводно, го одбил двегодишниот договор и голем буџет за засилувања, и директно му го кажал тоа на Фереро.

Сампдорија го отпушти Еузебио ди Франческо по само седум натпревари и сега има „мака“ да најде замена за него. Нивна прва цел беше Стефано Пиоли, кој денеска потпиша за Милан заменувајќи го поранешниот прв човек на Самп, Марко Џампаоло. Самиот Џампаоло не може да се врати во Џенова бидејќи според правилата во Серија А, еден тренер смее да биде тренер на еден клуб во една сезона.

Поранешниот фудбалер на Сампдорија, Анџело Паломбо во моментов е одговорен за клубот.

Scroll to Top