Top Sport

Кинезите во „војна“ со НБА, се раскинуваат спонзорства, се откажуваат мечеви?

Кинезите очигледно многу се налутија на НБА лигата по коментарите за протестите во Хонконг од генералниот менаџер на Хјустон рокитс, што се подготвени да ги откажат мечевите од пред-сезоната кои треба да се оддржат во оваа земја, почнувајќи со утрешниот дуел помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Бруклин нетс.

Од стадионите во Кина се тргнати сите промотивни материјали за двата предвидени меча, а во средата беше откажан настан во Шангај во кој кошаркарите на Лејкерс требаа да имаат промоција на Специјалната олимпијада.

Лутината на Кинезите доаѓа откако Дерил Мори, генералниот менаџер на Рокитс, еден од најпопуларните НБА-тимови во Кина поради Јао Минг, на својот Твитер профил даде поддршка на анти-кинеските протести во Хонгконг.

Според „Спортс илустрејтед“, НБА не планира да ги откаже мечевите, но знаците од Кина се загрижувачки – огромното лого на НБА беше отстрането од пред арената, заедно со ликовите на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а националната „ЦЦТВ“ објави дека двата меча нема да бидат давани директно.

Покрај ова, 11 кинески комании ги раскинаа своите партнерства со НБА откако комесарот на лигата, Адам Силвер изјави дека тие жалат за последиците, но не за демократскиот дух на пораката на Мори.

НБА лигата не смее да ги поддржува протестите во Хонгконг за да не ја навреди Кина

Scroll to Top