Top Sport

Гатузо: Кога го носиш дресот на Милан, мораш да го почитуваш

Џенаро Гатузо имаше емотивна прес-конференција по „засрамувачкиот“ пораз од Риека порачувајќи дека на фудбалерите на Милан „очајно им е потребна промена на менталитетот“.

„Росонерите“ загубија со 2:0 во последниот меч од групната фаза од Лигата на Европа на „Руевица“ од инспирираниот хрватски шампион, четири дена откако одиграа реми 2:2 со Беневенто, примајќи гол во последната минута од натпреварот.

„Имам чувство дека кога нешто негативно ќе се случи, тимот само исчезнува и мораме да работиме на тоа. Играчите како да не можат да реагираат психолошки. Мораме да направиме промена на насоката, бидејќи вака не одиме никаде. Кога го носите дресот на Милан, мора да го почитувате. Тоа навистина ме боли, бидејќи не дојдовме тука да загубиме. Не е важно дали имаме 64 отсто посед на топката, ако не играме со глад за победа. Тоа ни недостасува.  Многу играчи треба да се докажат. Кога ќе добиеш удар по заби добивам чувство дека не се опоравуваме“, вели Гатузо.

Риека го посрамоти Рино и Милан (видео)

Scroll to Top