Top Sport

Гатузо: Луѓе дали сте нормални што зборувате и пишувате

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде претставен како тренер на Валенсија. Сепак, во шпанските медиуми има многу негативни наслови за италијанскиот стручњак.

Се пишува дека Гатузо не стана тренер на Фиорентина, а во последен момент беше одбиен од Тотенхем поради наводно контроверзни ставови за некои прашања. Тој е обвинет дека е расист, хомофоб, ксенофоб.

Поради тоа, Италијанецот реши да се огласи во јавноста, ги демантира наводите на медиумите.

„Мојата историја зборува сама за себе. Дали сум расист, хомофоб, ксенофоб, сексист? Луѓе, дали сте нормални, што зборувате и пишувате“, изјави во еден здив Гатузо и дополни.

„Замислете ме нарекувате расисит, а јас го донесов Бакајоко во Напили. Никогаш не сум кажал лош збор за црномурестите играчи, сум играл со многумина и имам пријатели меѓу нив. Кариерата ја направив благодарение на напорната работа. Никој ништо не ми дал и никој нема право да ме обвинува за работи кои немаат врска со вистината“.

Scroll to Top