Top Sport

Гатузо: Ма каква криза во Барселона, не чека „качување на Монт Еверест“

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо очекува тежок дуел против Барселона на „Ноу Камп“ во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ.

Првиот меч на 25 февруари во Неапол заврши 1-1, па Наполи ќе мора да постигне најмалку еден гол за да се надева на место во четвртфиналето.

Барса последната шанса сезонава да ја заврши со трофеј ја има во ЛШ. Наводно Каталонците се во криза, но Гатузо не сака да слуша такви приказни.

„Тие се уште ништо не освоиле, но тоа ќе им даде сила поради менталитетот што го имаат. Тие се навикнати на победи и знам дека тоа го имаат во себе. Пред нас е `качување на Монт Еверест`. Последните неколку месеци слушам дека Барса е во лоша состојба. Тие имаат играчи кои е задоволство да ги гледаш“ – вели Италијанецот.

За овој меч неизвесен е Лоренцо Инсиње.

„Тренираше со екипата, сакам од негова уста да слушнам дека е подготвен 100%. Ако тоа го каже, ќе ни биде од помош. Во спротивно, нема да игра“ – рече Гатузо.

Scroll to Top