Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека има причина за славење што по неколку години, дербито на Милано со Интер „конечно повторно е нешто важно“.
„Дерби дела мадонина“ беше одложено по смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори минатиот месец, така што има необичен термин – во среда во 17.30 часот.
„Интер се сменија во последните недели – постигнаа 10 гола и не примија ниту еден. Тимот е во добра форма, но и ние сме добри, како што покажавме против Јувентус. По толку години, дербито повторно е значајно. Фановите добро не туркаат и веќе поставија нов рекорд по продажбата на билети, така што мораме да им вратиме. Очекувам поинаква атмосфера, бидејќи мислам дека фановите конечно се задоволни од нас. Се работи за дерби, судир во кој не е важно кој е на табелата“, вели Гатузо.
Тој вели дека не му се допаѓа изјавата на Леонардо Бонучи, кој оваа недела побара од управата на клубот да „купат врвни интернационалци“.
„Бонучи мора да е капитен, не смее да зборува така. Сега мораме да одиме напред со главата надолу. Не сакам да мислат дека тој одлучува што ќе се случи во Милан. Малкумина имаат таков менталитет како Лео и сега мора да покаже што значи да се биде капитен“, додава Гатузо.
Од другата страна, стратегот на Интер, Лучано Спалети вели дека „постојат само позитивни мисли“ околу опоравувањето на Интер.
„Моите играчи направија многу да се вратат во оваа позиција. Мечот значи многу, бидејќи секој поен е важен сега. Новата атмосфера во тимот покажа дека имаме сцре полно со Интер. Ги сакаме нашите навивачи и ќе го покажеме тоа уште еднаш“, вели Спалети.
Тој не очекува да биде лесно.
„Знаеме дека Милан имаат силен тим, играат фудбал на посед на топката, со градење на игра од задниот дел, и брзи напади, бидејќи Бонучи одеднаш може да дојде напред. Дали можеме да ги исфрлиме од трката за Лигата на шампиони? Познавајќи го менталитетот на нивниот тренер не верувам дека нешто ќе се смени. Но, поените се многу важни“, додава Спалети.