Top Sport

Гатузо: Можам да го „чувам“ Меси само на Плејстешјн

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо признава дека ќе биде многу тешко да се сопре Лионел Меси во реваншот од Лигата на шампионите против Барселона, објаснувајќи дека може да го чува Аргентинецот само во своите соништа.

Наполи ја завршија својата сезона во Серија А со 3:1 победа над Лацио, по што вниманието се сврте кон вториот осминафинален меч од ЛШ против Барса на 8 август на „Ноу Камп“ откако во февруари дома одиграа 1:1 со нив.

„Можам да го чувам Меси само во моите соништа. Или ако поставам Наполи-Барса на Плејстешјн на мојот син и да го стигнам кога играв со Милан и имав 10-15 килограми помалку од сега. Против Барса ќе биде сосема поинаков меч отколку против Лацио. Не смееме да размислуваме за резултатот, туку само да играме како тим и да бидеме сигурни во нашите шанси. Ќе биде голем предизвик за сите“, вели Гатузо.

Scroll to Top