Top Sport

Кирјос се повлече од Њујорк поради корона вирусот, па го нападна Ѓоковиќ!

Австралиската тениска ѕвезд, Ник Кирјос се повлече од САД опен, велејќи дека ја прави одлуката поради почитување на неговите сонародници и огромниот број на Американци кои се позитивни на КОВИД-19, пред да ја искористи шансата и да го нападне Новак Ѓоковиќ и другите тенисери ко и „играат на масите“.

Кирјос и претходно влегуваше во вербални пресметки со групата на тенисери кои настапуваа на Адрија турнејата на Новак Ѓоковиќ, каде што позитивни тестови на корона вирус имаа Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

„Немам проблем со американската федерација и со САД опен и тенисерите сами треба да одлучат дали ќе одат. Никој не сака да се загубат работните места. Но, ние тенисерите мораме да ги штитиме нашите интереси и да работиме заедно. Не можеш да играш на маси, да грабаш пари со егзибициски мечеви во Европа. Тоа е себично, и еднаш во животот можеш да размислуваш за другите. За тие кои ги почитуваа правилата, им посакувам добра среќа. Играте на свој ризик, и немам проблем со тоа. Јас нема да играм на САД опен, поради моите Австралијци, но и поради стотина илјади Американци кои ги загубија животите. Тоа е мојата одлука“, вели Кирјос.

Scroll to Top