Top Sport

Гатузо не оди во Рома: Имам уште две години договор со Милан

Џенаро Гатузо инсистира дека не е заинтересиран за шпекулациите кои велат дека тој е следниот тренер на Рома, бидејќи има многу работа со Милан, со кои има уште две години од договорот.

„Волчицата“ е во потрагапо постојан тренер откако го отпуштија Еузебио ди Франческо минатиот месец по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите. Клаудио Раниери е преоден тренер до крајот на сезоната, но легендата на клубот Франческо Тоти наводно инсистирал Гатузо да дојде следната сезона. Од друга страна 41-годишниот Гатузо нема најсигурна работа во Милан, по шпекулациите за конфликт со спортскиот директор Леонардо и тешката ситуација во борбата за пласман во ЛШ – Милан има освоено само еден поен од последните можни 12 во Серија А.

„Уживав кога Паоло Малдини кажа дека јас имам силен карактер. Имам уште две години од договорот и мојата цел е да се вратам во Лигата на шампионите. Другите работи се чисти шпекулации“, вели Гатузо.

Милан е четврт во Серија А, но со ист број на поени со Аталанта и само еден поен пред Аталанта на седум меча пред крајот. Во сабота тие играат против Лацио.

Scroll to Top