Top Sport

Гатузо: Не сум сигурен дека Милан може подобро од ова!

Милан вчера по драматичната завршница во Серија А остана без настап во Лигата на шампиони следната сезона. На Росонерите им требаше кикс на Аталанта или Интер, но до тоа не дојде.

За тоа колку им паднало тешко на сите во „црвено-црниот“ табот доволно кажуваат зборовите на тренерот Џенаро Гатузо:

„Благодарност до момците, горд сум на 68 освоени бодови иако ме боли што не се пласиравме во ЛШ. Работата на тренерот мораат да ја анализираат во клубот и стручљаците. Ќе се состанеме и ќе разговараме, сакам да слушнам што мислат за мојата работа. Верувам дека ова беше позитивна година. Поминавме премногу лоши периоди. Не знам дали можеме подобро од ова“.

Гатузо смета дека ова беше исцрпувачка сезона по која ќе мора да земе одмор.

„Имам долга историја со клубов, чувствував повеќе притисок од што можеби требаше. Малку спиев во изминатите 18 месеци, ментално сум во делови и тоа морам да го земам во предвид“ – смета тренерот на Милан.

Scroll to Top