Top Sport

Нов скандал на Нејмар во Париз, без дозвола си заминал во Бразил

Бразилецот Нејмар направи нов скандал во Париз. Фудбалерот во последниот период не може никако да се смири.
По одлуката на Управата на „Светците“ Германецот Томас Тухел да остане на чело на ПСЖ се поглaсно е негодувањето од страна на двете први ѕвезди во тимот, Нејмар и Мбапе.

Бразилецот со приватен хеликоптер одлетал во татковината, без да добие дозвола за тоа од никого во клубот.

„Ништо не ме праша, мислам дека е неморално тоа што не остана во Париз до крајот, но за тоа ќе одлучи клубот“ – изјави Тухел.

Нејмар со бразилската фудбалска репрезентација од 14 јуни до 7 јули ќе игра на Копа Америка, а токму Бразил ќе биде домаќин на турнирот.

Scroll to Top