Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо не бараше изговори за поразот од 3:0 од аутсајдерот Верона за уште едно разочарување на фановите на „росонерите“ по потрошените 200 милиони евра на засилувања – не направија будали!
Ова беше комплетирање на мизерната недела за Милан, откако УЕФА ги откри финансиските проблеми на новите кинески сопственици во петок, откако во средата нивниот 18-годишен голман Џанлуиџи Донарума остана во солзи откако беше исвиркан од фановите. Гатузо, за кого Милан е прв прволигашки тим кој го тренирал, вели дека нема изговор.
„До првиот гол игравме добра игра, а потоа по првите проблеми, колабиравме како многу пати оваа сезона. Мораме да сфатиме зошто тоа се случува. Нема изговори, се посрамотивме во Верона“, вели Гатузо.
Тој отфрли можност истрагата на УЕФА да има влијание на тимот.
„Би било лесно да кажеме дека во тоа е проблемот, но не е така. Играчите се исплаќаат точно на крајот на секој месец и нема проблеми во соблекувалната“, додава Гатузо.