Откако на почетокот на сезоната имаа многу критики за својата реализација, Милан почнаа да играат подобро и тренерот Џенаро Гатузо е задоволен од 3:1 победата над Киево, по што инсистираше дека неговиот состав „никогаш не бил во криза“.
Милан победија на два од првите шест меча пред неделниот меч на „Сан Сиро“, и сега се на шест поени од второпласираниот Наполи со натпревар помалку.
„Перформансите беа тука, само што не ги освојувавме трите поени. Најлошо беше при 3:1 победата над Олимпијакос. Денеска пак правевме грешки и им подаривме гол, но ова не беше тим во криза претходно, туку само се мачевме со реализацијата. Игуаин е шампион, човек со инстинкт и треба тимот да му помогне“, вели Игуаин.
Следен меч за Гатузо е градското дерби против Интер по интернационалната пауза.
„Сите ги интересира дербито, бидејќи тоа е меч пред 80.000 гледачи и ќе бидеме подготвени да го победиме силниот Интер“, вели Гатузо.
Фото: ЕПА
Игуаин ги враќа Милан во ритам, Имобиле ги „крена“ Лацио (видео)