Top Sport

Икарди капитенски ги предводеше Интер до нова победа (видео)

Мауро Икарди постигна два гола и беше најзаслужниот што неговиот Интер стигна до тешко извојувана 2:1 победа на гостувањето во Модена кај СПАЛ за четврти триумф во низа во Серија А за тимот на Лучано Спалети.

Шиме Врсаљко му додаде одлична топка на Икарди во 14. минута, и Аргентинецот упати еден необичен удар за да донесе водство за „нераѕурите“. Домаќините имаа шанса веднаш да израмнат, кога во 18. минута беше досуден пенал, меѓутоа ветеранот Мирко Антенучи целосно го утна голот во едно од најлошите промашувања оваа сезона.

Сепак, СПАЛ го дочека својот момент во 72. минута, кога нововлезениот Алберто Палоски израмни. Но, Интер го има Икарди, кој шест минути подоцна доби фантастична топка од Иван Перишиќ за да го совлада противничкиот голман за три поени.

Со петтата победа во осум меча, Интер е на третото место во Серија А со 16 поени, два помалку од второпласираниот Наполи и осум зад лидерот Јувентус.

Фото: ЕПА

Scroll to Top