Пред еден месец Наполи беа подготвени да му го продолжат договорот на тренерот Џенаро Гатузо, а сега размислуваат да му се заблагодарат на соработката.
„Топло-ладно“, по таков систем Наполи играа оваа сезона. По убедливата победа над Фиорентина, пред осум дена, Наполи доживеа пораз од Јувентус во Суперкупот на Италија, а вчера и покрај предноста загуби и во Верона.
Наполитанците се на шестото место на табелата, со девет поени помалку од лидерот Милан.
Наредниот викенд Наполи ќе ја пречека Парма и тој меч е клучен за неговата иднина во клубот.
Претседателот Аурелио Де Лаурентис, со своите соработници, веќе го означиле човекот кој ќе го замени Гатузо. Тоа е искусниот Рафаел Бенитес, кој минатата недела ја напушти Кина. Бенитез во периодт од 2013 до 2015 година бил тренер на Наполи.