Top Sport

Гвардиола: Сега сите менаџери се плашат од отказ

Пеп Гвардиола вели дека отказот на Френк Лампард од Челси покажува дека сите англиски менаџери се плашат за својата работа и знаат дека мораат да донесат резултати.

Лампард доби 18 месеци од газдата Роман Абрамович пред да биде сменет по лошиот старт на сезоната и петте порази во последните осум меча, и се очекува Томас Тухел да биде неговиот заменик. Менаџерот на Манчестер сити, кој претходно работеше и во Баерн Минхен и Барселона, нема добиено отказ во 12-годишната кариера, но вели дека тоа може се случи во секој момент.

„Млади и стари менаџери, тука мора да победуваш. Луѓето зборуваат за проекти и идеи, но тоа не постои во реалноста. Мораш да победуваш, ако не го правиш тоа ќе добиеш отказ. Ја почитувам одлуката на Челси, и го гушкам Френк и сакам да го видам наад на друга работа. Кога ќе заврши локдаунот ќе одиме на вечера. Но, јасно е дека зависиме од резултати, не од начинот на игра, не од фудбалската филозофија или од проектот. Или имаш резултати, или ќе дојде некој друг“, вели Гвардиола.

Scroll to Top