Top Sport

Гатузо признава: Ова е дното за Наполи

Џенаро Гатузо им се извини на навивачите на Наполи за „засрамувачкиот“ 0:2 домашен пораз од Фиорентина, оценувајќи дека клубот стигнал до дното и дека мора да се најде решение за кризата.

Неверојатно, но Гатузо е првиот тренер кој загубил во четири од првите пет меча во Серија А на клупата на Наполи по Зденек Земан во 2000 година, а единствениот триумф му беше тој кој му го донесе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас против Сасуоло во судиското продолжение. Уште полошо, следната недела тие играат со Јувентус! Гатузо дојде на местото на Карло Анчелоти но подобрувањето го нема.

„Мораме прво да се извиниме на навивачите и на целиот град, бидејќи ова беше засрамувачки за нас. Во претходните мечеви имавме пристојни перформанси, но тука, освен во првите 20-25 минути не покажавме ништо. Не можеме да бараме алиби, ова е дното и мораме да откриеме што се случува. Како да се сретнавме утрово и да ставивме дресови и заминавме на меч. Нема организација, нема единство…  Не можа да го објаснам тоа“, вели Гатузо.

Scroll to Top