Top Sport

Меси побарал Барса да го донесат Агуеро?

Лионел Меси во разговор со новиот шеф на Барселона, Кике Сетиен побарал клубот да се обиде да го донесе на „Ноу Камп“ рекордниот стрелец на Манчестер сити, Серхио Агуеро, тврди „Дејли мирор“.

Меси бил повикан на разговор очи-во-очи со Сетиен, кој го замени Ернесто Валверде минатата недела, и наводно му советувал дека совршена замена за повредениот Луис Суарез е неговиот сонародник и соиграч од репрезентацијата, Агуеро.

Речиси е незамисливо Сити да дозволат трансфер на 31-годишниот Агуеро, кој постигна 249 гола за Сити од трансферот од Атлетико Мадрид во 2011 година, посебно бидејќи има договор со „граѓаните“ до летото 2021 година.

Scroll to Top