Џенаро Гатузо вели дека пристигнувањето на Гонзало Игуаин во Милан може да помогне неговиот клуб да направи „квалитативен скок“ и дека „росонерите“ треба да се горди што можат да привлечат фудбалер од таков калибар и покрај финансиските проблеми.
Игуаин заедно со бекот Матија Калдара доаѓа од тимот на Јувентус, каде што се враќа Леонардо Бонучи по една сезона како капитен на „росонерите“.
„Среќен сум бидејќи се работи за важни фудбалери за нас. Матија е фантастичен млад фудбалер, а сите го знаеме кој е Гонзало. Мислам дека со нив ќе можеме да бидеме многу поквалитетен тим“, вели Гатузо.
Игуаин постигна 55 голови во двете години со Јувентус и за тренерот на Милан трансферот ја покажува големината на Милан.
„За нас тоа треба да е гордост. Кога ќе зборуваш со фудбалерите, никој не кажува дека не сака да игра за Милан. Ова е клуб со голема историја иако последните четири-пет години немавме постојаност. Но, ние сме тим кој нема да се предаде така лесно“, додава Гатузо.
Milan boss Gennaro Gattuso insists no player turns down the chance to sign for the Rossoneri following the arrival of Gonzalo Higuain. ?⚫️ #Milan #SerieA pic.twitter.com/weKCyMIgQw
— Goal (@goal) August 4, 2018