Top Sport

Гвардиола: Со Сари во Премиер лигата ќе биде уште подобро

Менаџерот на англиските шампиони, Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека има огромна почит за новиот ривал за титулата, тренерот на Челси, Маурицио Сари, признавајќи дека се обидел да научи нешто од него при заедничкиот ручек ова лето.

Гвардиола и Сити доминираа минатата сезона во ПЛ со возбудлив и напаѓачки фудбал, но вели дека Сари со Наполи покажал слична фудбалска филозофија. Наполи постигна 94 голови во 38 натпревари во 2016/17, за минатата сезона да бидат најсериозни ривали за титулта на Јувентус. Наполи и Сити се сретнаа во натпреварите по групи во ЛШ – Сити победи со 4:2 во Неапол и 2:1 во Манчестер.

Гвардиола првпат ќе се сретне со Сари веќе во недела на Вембли во Комјунити шилд мечот, и Каталонецот вели дека Италијанецот, кој напушти успешна банкарска кариера да стане фудбалски тренер веќе го наметнал својот стил.

„Бевме на ручек со Ариго Саки, кој честеше. Прво, среќен сум што таков менаџер дојде во Премиер лигата и се надевам дека ќе научиме нешто од него. Мислам дека целата лига ќе биде подобра поради неговите идеи. Ги гледав трите меча на Челси досега и тие веќе играат како што сака тој. Потребно му е време, но идеите се тие. Мислам дека ова е совршена ситуација за англискиот фудбал“, вели Гвардиола.

Три тренерски легенди на одмор!

Scroll to Top