Фудбалерот за врска на Барселона, Гави, е добитник на наградата „Рајмонг Копа“ за најдобар млад фудбалер во светот за сезоната 2021/22. Тој во изборот на „Франс Фудбал“, ги победи Едуардо Камавинга, Џамал Мусијала, Џад Белингем и Нуно Мендеш.
Наградата му ја додели неговиот соиграч Педри, кој лани беше добитник на трофејот „Рајмонд Копа“, заедно со Бразилецот Роналдо.
Congrats Gavi! Your new Tropha Kopy winner! #trophéekopa #ballondor pic.twitter.com/14FQdgAuSh
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) October 17, 2022
Наградата „Сократес“ му припадна на Садио Мане, кој несебично им помага на своите сограѓани во Сенегал, обновува училишта, болници, гради фудбалски терени…
Sadio Mané, after receiving the Socrates Award 👀#ballondor @peaceandsport pic.twitter.com/b5NBhyMcgI
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) October 17, 2022