Манчестер јунајтeд ќе му го дадат славниот дрес со бројот 7, кој претходно го носеа ѕвезди како Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо, на тинејџерот Алехандро Гарначо, така потврдувајќи ја огромната доверба која во младиот Аргентинец ја има Ерик Тен Хаг, тврди „Манчестер ивнинг њуз“.
18-годишниот Гарначо дебитираше во првиот тим против Челси минатиот април, а со дрес број 49, изминатата сезона имаше позначителна уога во тимот, по што во април оваа година потпиша нов петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Тој ќе го наследи овој дрес од Кристијано Роналдо, кој си замина во ноември од клубот, и ќе биде првиот тинејџер со овој дрес по Роналдо во 2003 година.
Од првото заминување на Роналдо во Реал Мадрид во 2009, повеќе фудбалери ја им честа на „седумката“ и не ги испоолнија очекувањата. Мајкл Овен, Анхел ди Марија, Мемфис Депај и Алексис Санчез имаа потпросечни настапи за клубот, Антонио Валенсија се мачеше со товарот, а само Единсон Кавани имаше добар настап, пред да му го врати бројот на Роналдо.