Top Sport

Серхио Бускетс му се придружи на Лео Меси во Интер Мајами

Лионел Меси доби добро познато друштво во Интер Мајами. Клубот од МЛС лигата го потврди доаѓањето на легендарниот фудбалер на Барселона, Серхио Бускетс, кој пристигнува како слободен играч.

Бускетс целата своја професионална кариера ја помина во Барселона, прво во Б тимот во сезоната 2007/08, а со доаѓањето на Пеп Гвардиола за тренер на првиот тим, стана незаменлив член од 2008 година.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја одби попрофитабилната понуда од Саудиска Арабија да му се придружи на својот долгогодишен соиграч од Барса.

Интер Мајами има подготвено двегодишен договор вреден 7.000.000 долари по сезона.

Следен кој би можел да се приклучи е Жорди Алба кој исто така се поврзуваше со клубот од Флорида.

Scroll to Top