Фудбалскиот клуб Рода сезонава ќе се бори за опстанок во тората холандска лига. Во осум кола екипата има забележано само една победа.
Рода синоќа го пречека Де Графшап, натпреварот заврши 1-1, а пред мечот неверојатни сцени се случиле на стадионот.
Навивачите на Рода го избркале од стадионот сопственикот на клубот Маурисио Гарсија де ла Вега.
Фудбалерите неколку месеци не добиле плата, поради што нивното незадоволство било забележливо и на теренот. Според навивачите сопственикот е главниот виновник и поради тоа го избркале од стадионот.
Boze fans @rodajckerkrade brengen Mauricio Garcia de la Vega het stadion uit. Dat gebeurde tijdens de rust van Roda tegen De Graafschap. pic.twitter.com/jpPZc6ZXIA
— ZO-NWS (@ZO_NWS) September 27, 2019