Top Sport

Гвардиола: Интервјуто на Жесус е совршено

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека нема никаков проблем со Габриел Жесус поради интервјуто во кое Бразилецот кажува дека сака повеќе време да минува на теренот.

„Ја минав фазата во која морам да ја чекам својата шанса. Ова ми е трета сезона во Сити и сакам повќе да играм. Минатата сезона беше многу тешка, не играв на важните натпревари. Особено ми беше тешко што не играв против Тотенхем кога испаднавме од Лигата на шампионите. Секако дека боли кога не добиваш можност да играш, мислам дека тое е нормално кога си професионален фудбалер. Бев вознемирен, но ја разбрав одлуката на тренерот“, рекол Жесус кој е во сенка на клупската легенда Серхио Ауеро.

Гвардиола нема прблем со ваквиот став на својот фудбалер, смета дека интервјуто било совршено.

„Секако дека Габриел сака да игра. Тој е посебен играч. Вистинска бразилска деветка, единствен напаѓач со таков менталитет. Секогаш дава се од себе. Целосно го разбирам“, истакнал тренерот на Манчестер сити.

Жесус сезонава има одиграно само 126 минути во Премиер лигата, предност има Агуеро кој во првите шест кола има постигнато осум гола.

Scroll to Top