Top Sport

Газдата на Челси купува клуб во Франција

Газдата на фудбалскиот клуб Челзи, Американецот Тод Боли, има намера да купи уште еден клуб во Европа. Човекот кој за нецела година потроши преку 600 милиони играчи на засилувања во Челси, сака да купи клуб од француската Лига 1.

Водечкиот спортски медиум во Франција, „Лекип“, тврди дека Боли ги отворил преговорите со директорот Марк Келер за купување на Стразбур.

Стразбур е клуб со богата историја, еднаш бил шампион на Франција, а во витрините има и три Куп трофеи и еден Лига куп. Сезонава Сега по шест сезони се во зоната за испаѓање од Лига 1.

Стразбур игра лоша сезона, со само четири победи во 24 натпревари во Лига 1. Овој тим се наоѓа на 15.место на табелата, со само два бода повеќе од екипите кои се во опасната зона.

Scroll to Top