Уште еден клуб од Премиер лигата наскоро би можел да добие американски газда. Максим Деним, сопственикот на Бортнут, објави дека започнал разговори за продажба на клубот, пренесува „Скај спорт“.
Најсериозен кандидат за купување на сите акции на Борнмут е Бил Фоли, сопственик на НХЛ тимот Лас Вегас Голден Најтс.
Борнмут веројатно ќе стане деветтиот клуб од елитното ниво на англискиот фудбал чии сопственици живеат на другата страна на Атлантикот.
Моментално американски газди имаат: Арсенал, Астон Вила, Челзи, Кристал Палас, Лидс, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Вест Хем.