Top Sport

Газдата на ПСЖ им одржал говор на играчите за „неприфатливата ситуација“

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие откри дека претседателот на богатиот француски клуб, Насер Ал-Хелаифи имал обраќање пре играчите по тешката недела за клубот.

Ал-Хелаифи во петокот го следеше тренингот на тимот на Галтие, кој откри дека газдата зборувал со играчите по 0:1 поразот од Лион, свирежите кон Лео Меси, изјавата на Данило Переира дека половина тим не се труди доволно, и на крај повлекувањето на промотивното видео за промоција на сезонските билети по забелешките кои ги имаше Килијан Мбапе.

„Претседателот зборуваше со нас во соблкувалната, а тоа што се кажува во соблекувалната останува таму. Но, беше важно да биде со нас. Сегашната ситуација е неприфатлива. Мораме да реагираме бргу, потребна ни е целосна посветеност и резултати. Кога сите ќе работат со иста цел, ќе можеме да имаме обри резултати“, вели Галтие.

Секако, притисокот е најголем токму на тренерот по осумте порази оваа сезона во француската лига, како и елиминацијата од Лигата на шампиони.

Scroll to Top