Top Sport

Има ли нешто што Лукаку НЕ може да промаши?

Салернитана одигра 1:1 со Интер по неверојатниот гол на Антонио Кандрева во 90. минута, но најмногу дискусија на социјалните мрежи предизвика Ромелу Лукаку и уште едно негово неверојатно промашување.

Во 64. минута од мечот, Лукаку се најде пред празен гол, но ја погоди само пречката. Веднаш потоа топката отиде кај Стефан де Фрај, и изгледаше дека голот е сигурен, но 37-годишниот мексикански голман Гијермо Очоа успеа да стигне до неверојатна одбрана, една од 10-те кои ги имаше на мечот.

Scroll to Top