Top Sport

Газдата на ПСЖ: Меси е наш!

Постигнат е договор помеѓу ПСЖ и Лионел Меси! Аргентинскиот ас ќе стане нов играч на „светците“, тврди сопственикот на ПСЖ, Тамим бин Хамад ал Тани. Тој на својот профил на „Твитер“, објави дека преговорите се успешно завршени и дека наскоро се ќе биде официјализирано.

Меси (34), во четвртокот, официјално ја напушти Барселона. Ден подоцна тој договорил да се пресели во Париз, тврди Тани.

Во ПСЖ, Меси, ќе игра со својот поранешен соиграч од Барселона, Нејмар, но и со соиграчите од репрезентацијата, Леандро Паредес и Анхел Ди Марија, со кои пред еден месец ја освои титулата на Копа Америка.

Шесткратниот освојуваш на Златната топка, за Барселона одигра 778 натпревари, постигна 672 голови и забележа 305 натпревари.

Scroll to Top