Top Sport

Газдата на Рома сака тренерот веднаш да замине од клубот

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, му го подготвил отказот на тренерот Паоло Фонсека. Газадата на „волчицата“ е лут по синоќешниот дебакл на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед, во првиот полу-финален натпревар во Лига Европа, ја порази Рома со 6:2.

Рома, на „Олд Трафорд“, исчезна од теренот во второто полувреме, во кое влезе со предност од 2:1.

Тренерот на Рома Паоло Фонсека ќе замина од клубот по завршувањето на сезоната, но газдата на клубот бил толку лут и не бил подготвен да заврши сезоната. Фридкин имал намера до крајот на денот да го отпушти тренерот.

Наредната сезона Рома би требало да ја предвди Маурицио Сари.

Scroll to Top