Top Sport

Газдата на Сион го отпуштил целиот тим

Сопственикот на фудбалскиот клуб Сион Кристијан Константини решил да го отпушти комплетниот тим бидејќи швајцарското првенство е суспендирано поради коронавирусот.

Контроверзниот бизнисмен пред неколку дена рекол дека не верува во најавите дека првенството ќе продолжи оваа сезона. Поради тој решил да повлече радикален чекор.

Најпрвин тој им предложил на играчите да им ги скрати платите на 12.350 франци месечно, а кога не го добил посакуваниот одговор решил сите да ги отпушти.

„Бидејќи фудбалерите нема што да произведат, не играат фудбал, значи дека нема приходи, поради тоа нема плати, односно нема да има расходи“, ја правдал својата одлука сопственикот на Сион.

Прашање е само дали ова што го направил Константини е законски исправно.

Scroll to Top