Top Sport

Газдата ветува: Ливерпул нема да троши лудо на засилувања

Ливерпул нема да „паднат во стапица“ да трошат повеќе пари од тие кои можат да си ги приуштат во лов на засилувања и успеси, вети американскиот газда на клубот, Џон Хенри.

Минатата сезона, Ливерпул беа во лов на четири титули, освојувајќи ги двата домашни куп-трофеи и стигнувајќи многу блиску до титулите од Премиерлигата и од Лигата на шампиони, но оваа сезона се на 21 поен од лидерите Арсенал во Премиерлигата. Хенри вели дека мора да се однесуваат „одговорно“, откако неодамна потврди дека клубот не е на продажба, туку само се бараат инвеститори.

„Видовме многу фудбалски клубови, како и нашиот во минатото, кои се движат кон пат кој не може да се одржи. Ние ќе продолжиме со нашиот фокус на мудри инвестиции на пазарот и во исто време ќе продолжиме со инвестиции во тренинг-центарот и на стадионот. Остануваме посветени на долгорочен успех на тимот, како кога пристигнавме во 2010. Не сме во Ливерпул на кратки патеки“, вели Хенри.

Scroll to Top