Top Sport

Забрана за навивачи на Ајнтрахт на мечот во Неапол

Италијанското министерство за внатрешни работи одлучи дека Наполи нема да може да продава билети на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт за ревашнот во осминафиналето на Лигата на шампиони во Неапол, по тепачките кои се случија во Германија пред првиот меч на „Дојче Банк парк“.

„Ајнтрахт вчера доби информации од УЕФА дека италијанското министерство за внатрешни работи воведе забрана за продажба на билети на навивачи на Ајнтрахт на мечот на 15 март. Ова вклучува официјлно организирани тури за определените 2.400 билети“, потврдија од Ајнтрахт.

Пред првиот меч во Франкфурт, девет навивачи на Ајнтрахт беа уапсени за нападот на група на навивачи на Наполи во центарот на градот во која тројца навивачи на италијанскиот тим добија полесни повреди.

Scroll to Top