Top Sport

Газдите на Челси со поддршка за Потер, кризата ќе ја решаваат со купување играчи

Менаџерот на Челси, Греем Потер може да смета на целосна поддршка на бордот на клубот и покрај разочарувачката форма и 10-тото место на премиерлигашката табела, а новите американски газди се подготвени со купување на нови играчи да ја подобрат ситуацијата во клубот.

„Сините“ во септември го отпуштија човекот со кој ја освоија Лигата на шампиони, Томас Тухел, неколку месеци откако американскиот конзорциум предводен од Том Бели да го купи клубот од Роман Абрамович. На негово место дојде Потер од Брајтон и имаше одличен старт со низа од девет меча без пораз. Но, сега, Челси имаат само една победа во последните осум меча во Премиерлигата, а загрижува и листата на повредени фудбалери.

Според „Телеграф“, клубот не поставува никаков притисок на Потер, и првите луѓе на клубот, Бели и Бехдад Егбали имаат целосна доверба во него, обезбедувајќи му буџет за трансфери и засилување на речиси секој дел од теренот. Тие посочуваат на примерите на Јирген Клоп и Микел Артета, на кои им беше потребно време да ја вратат формата на нивнтие клубови.

Scroll to Top