Top Sport

Бешикташ сака да ја прекрати позајмицата на Деле Али

Бешикташ се подготвени да го раскинат договорот со Евертон и да ја прекинт позајмицата на Деле Али, за уште еден кошмар на поранешниот англиски репрезентативец кој не ги исполни очекувањата ниту во Турската Суперлига.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем замина на позајмица во Бешикташ во август 2022 во обид да ја врати својта форма, но имаше само четири настапи за клубот оваа сезона, во кои сепак, постигна два гола.

Тренерот Шенол Гунеш неодамна призна дека 26-годишниот Англичанец е „далеку под очекувањата“, а минатиот месец беше исвиркан од навивачите на мечот од Купот на Турција против Шанлиурфаспор.

Scroll to Top