Инвестициската групација, која ја предводи Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), сака да стане газада и на италијанскиот великан Интер.
На чело на ПИФ се наоѓа принцот Мохамед бин Салман, кој управува со владата на својот татко, кралот Салман бин Абдулазиз. Принцот е најмоќната фигура во Саудиска Арабија.
Актуелните газди на Интер, имаат големи финансиски проблеми. Поради тоа мораа да ги продадат Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку, а клубот го напушти тренерот на шампионскиот тим, Антонио Конте.
Семејството Женг, со ПИФ, ги започнале преговорите на 15.септември. Саудијците биле заинтересирани за една милијарда евра да го купат Интер.
Ла стампа пишува дека Саудијците барале начин како да го заобиколат правилото на УЕФА, кое не дозволува клубови со ист сопственик да играат во европските купови.
„Долгорочно Интер не може да ја издржи оваа ситуација, нешто ќе се смени во сопственичката структура до 2022 година“, тврди Ла стампа.