Газдите на Манчестер сити, во чија сопственост се наоѓаат уште девет други клубови ширум светот, покажале интерес за Палермо. Еден од култните италијански клубови се натпреварува во Серија Ц.
Познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, ја објави оваа информација, без да наведе повеќе детали. Доколку Палермо стане дел од „Сити групацијата“, тогаш ќе биде седмиот клуб во Серија Ц со странски сопственици.
Странски газди веќе имаат Триестина, Падова, Сиена, Чезена, Пистоезе и Анкона.
Палермо поради финансиски проблеми заврши во третиот ран на италијанскиот фудбал. Во минатото за овој клуб играа македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, но и сега големите ѕвезди на светскиот фудбал Единсон кавани, Паоло Дибала, Андреа Белоти, Хавиер Пасторе…