Top Sport

Газдите се подготвени да го реконструираат ПСЖ

Сопствениците на ПСЖ го повикале спортскиот директор Луис Кампос на итен состанок во Доха, пишува францускиот „Footmercato“. Во следните неколку дена треба да се донесат клучните одлуки за иднината на клубот, а француските медиуми пренесуваат дека се подготвува голема револуција на сите нивоа.

Богатите сопственици повеќе не можат да чекаат тимот под водство на Кристоф Галтие да влезе во вистинска форма. Јасно е дека францускиот стручњак ќе добие отказ на крајот од сезоната, без разлика какви резултати ќе постигне во преостанатиот период.

„Footmercato“ наведува дека токму поради тоа Кампос бил поканет на итен состанок. За време на неколкудневните средби со сопствениците на клубот, Кампос треба да ја претстави својата визија, како ПСЖ треба да изгледа наредната сезона. .

Првиот оперативец на ПСЖ добил задача на сопствениците да им ги открие своите кандидати за тренер, како и другите технички функции во клубот. Исто така ќе треба да ја состави и трансфер листата, но и листата на потенцијални засилувања.

Кога ќе го направи тоа, сопствениците во договор со него ќе го дефинираат буџетот за трансфери за летниот преоден рок и Кампос ќе добие одобрение да почне да го гради тимот.

Scroll to Top