Top Sport

Газета дело Спорт: Мората беше отпишан сега Алегри сака да го откупи неговиот договор

„Трансферот на Влаховиќ требаше да го фрли на маргините, наместо тоа тој стана нова, голема и неочекувана вредност за Јувентус“, пишува „Газета дело Спорт“, анализирајќи ја улогата во тимот која ја доби Алваро Мората по трансферот на Влаховиќ.

Најчитаниот италијански спортски медиуми, тврди дека Јувентус, по завршувањето на сезоната ќе го откупи Мората од Ателтико Мадрид. Шпанскиот репрезентативец, втора сезона, настапува како позајмен играч во тимот на Јувентус.

„Газета дело Спорт“, во текстот го нарекува Мората „новиот Манџукиќ на Масимилијано Алегри“.

„Мората слично како што беше Манџукиќ, не е само идеја туку и замисла која својата потврда ја добива на теренот, во играта на Јувентус. Доаѓањето на Влаховиќ, му донесе нова улога на Мората, улога што ја имаше Манџукиќ, исто така кај Алегри“.

Мората во зимскиот преоден рок се поврзуваше со Барселона. На крајот Барселона се повлече, откако не успеа да се договори со Атлетико.

„До вчера отпишаниот Мората Алегри сега сака да го откупи од Атлетико за 35.000.000 евра. Мората, како што во минатото беше Манџукиќ е миленик на тренерот Алегри. Тој секогаш има некаква нова улога за него. Сега тој треба да биде Манџукиќ во напаѓачката тројка со Влаховиќ и Дибала“.

Scroll to Top