Top Sport

ЦСКА ги задржа надежите, Челси веќе во осминафиналето (видео)

ЦСКА Москва остана во игра за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако во студената Русија со 2:0 ја совладаа Бенфика.

Дефанзивецот Георгиј Шчеников уште во 13. минута го совлада голманот Бруно Варела по проигрување од Бибрас Начо во една сомнителна офсајд ситуација, по што во 56. минута, Жардел си постигна смешен автогол за осигурување на победата на рускиот тим.

ЦСКА сега е втора во групата А со 9 поени, три помалку од Манчестер јунајтед и три повеќе од Базел, кој вечерва го пречекува Јунајтед. Бенфика е „отпишана“ со пет порази во пет меча. ЦСКА во последниот меч од ЛШ има супер-тешко гостување на „Олд Трафорд“.

Челси пак, не дозволи изненадување на гостувањето кај Карабаг, совладувајќи го азербејџанскиот тим со 4:0 за да избијат на првото место во групата Ц со 10 поени, два повеќе од Рома и седум повеќе од Атлетико Мадрид. Атлетико на „Ванда Метрополитано“ ја пречекува Рома од 20.45.

Челси со победата се квалификува меѓу најдобрите 16 тимови во ЛШ.

Scroll to Top